Извршниот директор на Twitter, Џек Дорси потврди дека размислува за воведување опција за уредување на твитовите која на корисниците би им овозможила да ги поправат грешките во своите статуси. Идејата беше предмет на долготрајната и жестока дебата на самиот Twitter.
Зборувајќи во Њу Делхи, Дорси рече дека компанијата мора да разгледа како луѓето всушност ќе ја користат опцијата за уредување со оглед на тоа дека некои можат да ја “злоупотребат” опцијата за да уредуваат стари твитови, за да изгледа дека рекле или не нешто контроверзно.
“Многу луѓе ја сакаат опцијата за уредување за што побрзо да ја поправат грешката што ја направиле”, истакна Дорси.
Но, шефот на Twitter призна дека недостатокот на опцијата за уредување е нешто што многу корисници го гледаат како недостаток на целата платформа, и рече дека веќе некое време размислува за негово воведување, но додаде дека ќе биде потребно да се разгледаат и други работи пред конечното ставање на новата команда во функција.
“Не можеме да направиме нешто што ja попречува работата на Twitter или го нарушува корисничкото искуство”, додаде Дорси.
Поврзани артикли