Се уште нема официјални информации од Samsung, но на интернет можеме да прочитаме информации како нивниот рецолуционерниот мобилен уред на превиткување ќе чини 1770 долари.
Минатата недела на програмерската конференција, Samsung конечно го прикажа Infinity Flex Display, својот прв екран на свиткување, кој ќе биде вграден во новиот модел на смартфонот, кој компанијата би требало да го претстави во текот на првата половина следната година. Овој уред ќе има класичен, односно надворешен екран со дијагонала од 4.58 инчи, а кога телефонот ќе се отвори, од внатрешната страна ќе има 7,3-инчен екран. Ова ќе биде 2-во-1 уред ќе може да се користи и како телефон и како таблет, така што нема потреба за купување на два уреда.
Од Samsung не открија премногу инфорации за овој уред, па така не го знаеме точниот датум на претставување, колкава ќе биде неговата цена, но овие информации ги објавија од новинската агенција Јонхап од Јужна Кореја. Според тие информации, официјалното претставување на телефонот може да го очекуваме во март, а неговата цена ќе изнесува 1770 долари. Секако, со оглед дека класичните топ модели денес чинат илјада долари и повеќе, ваквата висока цена не е неочекувана.
Уште во јуни оваа година, аналитичарот Kim Jang-yeol од компанијата Global Bridge Investment предвиде дека цената на телефонот на Samsung ќе биде нешто поголема од 1800 долари, а од јужнокорејската компанија наводно планираат производство на милион примероци на овие смартфони.
Samsung со моделот Galaxy G (очекувано име на овој телефон) навистина би можел да покрене револуција на мобилниот уред, бидејќи топ моделите во иднина навистина би можеле да имаат свитливи екрани – технологијата ќе напредува, па телефоните ќе бидат уште понапредни, нивната цена се пониска.
Поврзани артикли