Неодамна имавме прилика да видиме неколку патенти на компаниите Samsung, LG, Huawei и Oppo, а сите опишуваат телефони со екран кој ја прекрива целата предна страна и имаат камера сместена под дисплејот. Ова секако го покрена прашањето, што прави Apple на овој план, а изгледа дека компанијата не сака да заостанува зад ривалите.
USPTO (United States Patent and Trademark Office) на 8. ноември го објави патентот на Apple Inc. за “камера интегриран прозорец”. Уредот на Apple е опишан со отвор во дисплејот за леќата на камерата.
Стаклото кое го прекрива панелот, ќе биде креирано од посилен и потранспарентен материјал – на пример стакло од алуминиум силикат (DVTS на компанијата Corning). Ова би ја заменила актуелната Gorilla Glass заштита, која Apple ја користи уште од оргиналниот iPhone од 2007. година.
Судејќи според се, патентот укажува на тоа дека во иднина Apple е подготвен за производство на iPhone со селфи камера под екранот. Повеќе детали за патентот се достапни ТУКА.
Поврзани артикли