Модерните навигациски системи како GPS или GLONASS се потпираат на сигналите од сателити и доволно се прецизни за поголем дел намени за кои се користат, но подложни се на грешки (слаб сигнал) или пак “хакирање”, односно блокирање на сигналот. Поради тоа, научниците од Imperial College во Лондон стартуваа проект за смислување на навигациски систем, на кој не му се потребни никакви надворешни сигнали, туку се потпира на самиот себе – и дојдоа до решение во облик на квантен систем на навигација.
Нивниот склоп на квантен компас користи внатрешен квантен акцелерометар. Тој е спосбен исклучително прецизно да ја измери брзината и насоката на движење на целиот склоп во зададено време, а од тоа и податокот за почетната локација многу лесно може да се пресмета и новата позиција. Она што овој склоп го одвојува од “обичните” акцелерометри какви што денес се наоѓаат во секој смартфон или фитнес тракер е фактот дека може да одржува точност во текот на подолг период.
Тоа се постигнува со мерење на состојбата на атомите при многу ниски температури, а квантната механика овозможува прецизно мерење на таквите атоми. Од нив потоа е создаден квантен интерферометар, со чии очитувања, преку ласери може да се одреди правецот и брзината на движење на целиот “компас”.
Склопот кој е составен и претставен на изложбата The National Quantum Technologies Showcase во Лондон е преносен уред, но сепак со поголеми димензии – па засега може да се користи на бродовите, подморниците или возовите. Во основната верзија, овој квантен компас го мери забрзувањето и движењето по една оска, но наскоро би требало да ги мери поместувањата по сите три оски, како и ротациите околу трите оски – што би го направило целосно независен систем за навиогација во сите правци.
Поврзани артикли