Viber во денешно време е широко распространета апликација, а ја користат милијарда луѓе од сите краишта на планетата.

Но, не е се така позитивно кога станува збор за оваа апликација. Дали знаете дека пораките кои ги испраќате на Viber и повиците кои ги правите користејќи ја оваа мрежа, може лесно да бидат прислушувани, па дури и украдени.

На интернет постојат бесплатни програми кои се создадени за такво нешто.

Затоа, голема грешка е да се откријат личните податоци и информации, кои би требало да бидат тајни и достапни само за најблиските.

Поради тоа, Viber користете го само за размена на основни информации, додека за сериозни разговори користете други начини.