Samsung на својата конференција за програмери во Сан Франциско претстави нов кориснички интерфејс за мобилните уреди. По веќе длабоко вкоренетиот ToucWiz, кој потоа кон крајот на 2016. година го промени името во Samsung Experience, сега пристигнува нов кориснички интерфејс наречен One UI.
Новиот интерфејс е развива во соработка со Google и Android програмерска заедница со цел на создавање што полесен и пооптимален интерфејс, при што најрелевантаната содржина ќе биде сместена на долната половина од екранот. Тоа се однесува на менијата на апликациите како и скокачките прозорци, што наводно според Samsung би требало да го подобри корисничкиот интерфејс и употребата на уредите со една рака.
Што се однесува до визуелниот изглед на интерфејс се споменуваат новости од обновениот екран за отклучување, преку новиот темен тежим на работа, па се до модифицираните фонтови и икони на апликациите, како и редизајнот на самите апликации.
Најголемата новина е прилагоденоста на овој интерфејс на идниот мобилен уред со екран на превиткување Infinity Flex Display, што Samsung го презентираше за програмерската конференција.
Samsung ги повикува надворешните програмери на соработка во развојот на апликации. Покрај претставувањето на новиот кориснички интерфејс, Samsung го најави и доаѓањето на Android Pie надградбата со вклучен One Ui на Galaxy S9, Galaxy S9+ и Galaxy Note 9, а таа ќе пристигне во јуни следната година.