Сопствениците на постарите уреди на Apple ќе забележат дека нивните телефони не работат брзо како некогаш, а причината за тоа е функцијата која го продолжува работниот век на батеријата во замена за намалена брзина. Еве како можете да ја исклучите.
Дали сте меѓу купувачите на iPhone кои забележале дека уредите им работат малку побавно? Судејќи според се, во право сте – Apple навистина воведе функција која го забавува уредот кога батеријата ќе достигне одредена старост.
Оваа функција, покрај продолжувањето на работата на самиот уред, го спречува рушењето на оперативниот систем, но тоа очигледно не обесхрабри голем број купувачи да почнат гласно да приговараат. За да им излезе на купувачите во пресрет, Apple направи две работи: ја спушти цената на промена на батеријата и воведе можност за исклучување на софтверското забавување.
Купувачите потоа многу негодуваа, но ете – се испостави дека забавувањето работи и на iPhone X, како и на iPhone 8.
Како да се исклучи забавувањето?
Ако сакате да го оневозможите софтверското забавување на вашиот iPhone, еве како можете да го направите тоа за помалку од две минути во рамки на самото мени. Водете сметка овие опции да ви бидат достапни единствени доколку вашиот смартфон се исклучил по грешка врзана со батеријата.
Прво што морате да го направите е да отидете во поставките на телефонот и таму да ги изберете опциите за батеријата. Откако ќе влезете во подменито, изберете ја ставката “Здравје на батеријата” и исклучете ја.
Предупредување
Ако не ја гледате опцијата за гасење на софтверското забавување на уредот, значи дека вашиот телефон работи на самиот максимум на своите перформанси. Исто така, треба да се земе во предвид дека со исклучување на опцијата ќе добиете на брзина, но ќе загубите на стабилност на самиот систем. Со други зборови – телефонот можеби ќе би се гаси на ниските проценти на батеријата.
Поврзани артикли