Шпекулациите за флексибилниот смартфон на Samsung кружат долго време, а сега е извесно дека уредот конечно ќе го здогледа “светлото на денот”. Компанијата со промената на логото на социјалните мрежи го најави неговото пристигнување.

На Facebook страницата на Samsung Mobile стандардното лого е заменето со ново кое се состои од црна подлога и превиткан натпис Samsung, што јасно укажува на нешто што се свиткува, односно склопува.

Директорот за мобилни уреди DJ Koh зборуваше за претстојниот уред кој можеби ќе биде претставен на Samsung конференцијата за програмери во Сан Франциско. Конференцијата почнува на 7. ноември.

Во последните извештаи се пишуваше дека компшанијата работи на уред што се превиткува, но одлуката за конечниот дизајн не е донесена. Ако тоа е вистина, тогаш е нереално да се очекува претставување на флексибилниот смартфон овој месец, а поради тоа не може да се очекува на пазарот пред среината на 2019. година. Наместо тоа, би можеле да видиме само делови на интерфејсот и рендери.