Уште на крајот на минатата година, кинеската компанија Xiaomi си постави за цел да продаде повеќе од 100 милиони паметни телефони во 2018 година.

Сепак, според најновите информации од компанијата, целта била остварена два месеци пред предвиденото. Веста беше објавена од еден од основачите на компанијата, Ли Јун, за време на конференцијата во Пекинг.

Според податоците на Јун, бројката од 100 милиони продадени уреди била достигната на 26. октомври, а од Xiaomi се пофалија дека се уште се најбрзо растечки производител на мобилни телефони на кинескиот пазар.