Razer Phone е првиот телефон на компанијата која е најпозната по своите гејминг производи. Иако Razer официјално не објави колку добро поминала продажбата на телефонот, компанијата тивко објави дека наследникот на првиот телефон е сега во припрема. Компанијата потврди дека Razer Phone 2 е во развој, но не објави никакви детали.

Во својот финансиски извештај, Razer спомнува дека сега се фокусира на развојот на втората генерација Razer Phone, што е јасна потврда дека навистина работи на новиот модел.

Не е споменато што можеме да очекуваме од новиот телефон, но ако се точни гласините, можно е телефонот да се појави до крајот на годината. Со оглед дека оригиналниот Razer Phone е дизајниран за гејмери, претпоставката е дека неговиот наследник ќе има слични карактеристики.