Светскиот гигант за продажба на стоки преку интернет и нивна испорака, американски Amazon, истражува дали вработените во таа компанија продаваат доверливи информации на други компании, особено во Кина, објави весникот „Волстрит журнал“

Според весникот, вработените во Амазон преку посредник продавале интерни податоци и други доверливи информации на трговци кои ги продаваат своите производи на локации на американскиот гигант.

На сајтот на Амазон можат да се купат производи директно од Amazon, но и од други трговци. Таквата практика е широко распространета во Кина, додава весникот нагласувајќи дека Amazon спроведува внатрешна истрага со месеци.

Во Amazon се вработени околу 560 илјади луѓе во целиот свет.