Робот-поштар ќе доставува писма и пакети до домовите во Норвешка. Машината произведена од американско-норвешката компанија „Buddy Mobility“ ќе започне со работа во режим на тестирање во градот Консберг. Однадвор, овој роботпоштар наликува на голема кутија на тркала. Според авторите на проектот, роботот може да се движи со брзина од 6 км ч и е способен секој ден да опслужува по стотина примачи на пратки.
„Нашиот робот ќе биде во можност да разнесе пошта со значителни заштед. Затоа и се одлучивме на овој чекор“, велат од компанијата. Ако експериментот е успешен, проектот ќе се развива понатаму.
Поврзани артикли