Првиот човек на италијанско-американската група Fiat Chrysler Automobiles пред неколку дена, за време на конференциски разговор со аналитичари на настаните во автомобилската индустрија, изјави дека почнувајќи од следната година се очекува целата гама на популарни брендови на Alfa Romeo, а тоа значи моделите Giulietta, Giulia и Stelvio, да добијат модифицирани решенија во внатрешноста.
Сега, во јавноста доаѓаат и нови, се чини уште поважни детали, кои можеле да се слушнат во тој разговор. Имено, новина ќе биде воведувањето на системот или технологијата која комбинира употреба на турбина придвижувана на електрична енергија која ќе ја елиминира летаргијата на моторот при ниски вртежи, истовремено зголемувајќи ја излезната моќност на агрегатот за 25%, како и намалување на штетните емисии на јаглерод диоксид. Комерцијалното име на технолошкото решение што треба да се имплементира е E-Booster.
Овој систем треба да се сфати како транзиторно решение кон усвојување на класичната plug-in хибридна технологија. Со примената на овој инженерски избор, автомобилот ќе биде во можност да се движи неколку десетици километри, без палење на моторот со внатрешно согорување, со можност за надополнување на батериската единица на домашната мрежа.
Целта на Alfa Romeo е нивните возила да достигнуваат до 50 километри со едно полнење на батериите.
Новата насока на развој на моторите ќе влијае на седанот Giulia и кросоверот Stelvio, но, исто така, и на најавените новитети на марката: SUV, GTV и 8C.
Што се однесува до хеџбекот Giulietta, се чини дека тој нема да ја дочека својата PHEV верзија.
Поврзани артикли