Американскиот милијардер Бил Гејтс основач на Мајкрософт очекува во иднина даночниот систем да се промени со воведување посебни закони за роботите, со што ќе се зачуваат работни места за луѓето.

– Благодарение на идејата дека роботите ни помагаат да произведуваме повеќе стоки и услуги со учество на помалку луѓе ние прекинавме да ја одредуваме работат како единствено за кое сме се родиле, изјави Гејтс во интервју за весникот Никеи.

– Се разбира јас не велам дека треба да се прекине тој процес на автоматизација, вели тој.

Според него не треба да се оди до крајност – целосно отстранување на луѓето од работните места.

– Основна идеја за даночни ставки е дека можете да го одданочувате капиталот или работната сила, а роботот е вид капитал. Сега има редица даноци за работната сила, но со време луѓето ќе сакаат да стимулираат создавање работни места.

Тој вели дека во иднина ќе растат даноците за капиталот и друг имот вклучително и за роботите.

-Тоа нема да бара забрана за производство на роботи и организирање производство во кое учествуваат. Системот за даноци ќе биде така направен според кој претприемачите би барале наем на работници. Во овој момент системот фактички ни оди во обратна насока, изјави Бил Гејтс.