Едно лице загина откако силна бура урна зграда на компанијата Amazon. Одделот за противпожарна заштита информира дека по уште едно лице се трага во несреќата во која се урна стовариште во рамки на седиштето на компанијата Amazon во американскиот град Балтимор.
Ѕидот на стовариштето висок 35 метри се урнал по силната бура и паднал врз камион кој што бил паркиран пред објектот. Урнати се и столбовите за електрична енергија. Надлежните пронашле едно лице под урнатините кое веднаш било пренесено во болница, но им подлегнало на повредите.
Националната метереолошка служба неколку часа претходно го најавила невремето.