Во многу компании голем дел од вработените се плашат да го искористат годишниот одмор бидејќи сметаат дека тоа не е карактеристика на добриот работник, но тоа не е случај во најголемата стриминг-компанија во светот.
Бројот на компании што на своите вработени им овозможуваат неограничен број на денови за годишен одмор во САД постојано расте. Мајк Џонс, кој работи во кадровската служба на Netflix, смета дека токму тоа е причината поради која толку сака да работи за оваа компанија, иако не го користи годишниот одмор колку што би требало.
Веб-страницата за кариерни совети Glassdor спровела истражување и открила дека просечниот американски работник од платениот годишен одмор користи 54 отсто од деновите, а како главна причина се наведува дека вработените се плашат да не заостанат на работа ако долго време не се на работното место.
– Сите ги познаваме луѓето на кои одморот наводно никогаш не им е потребен. Најголем проблем е ако тоа го прават шефовите бидејќи тогаш сите под нив сметаат дека ниту тие не смеат да користат годишен одмор – вели специјалистот за вработување во Netflix, Криси Ранинг.
„Нетфликс“ имал политика за неограничен годишен одмор уште од 2004 година и никој не следи ни кога доаѓаат ни кога си одат вработените од работа. Но, тоа не значи дека не работат – тие постојано мора да ги известуваат своите надредени за резултатите од работната позиција на која работат.
На веб-страницата на компанијата стои дека компанијата не го создава распоредот за работа на своите вработени, ниту годишниот одмор, за тие сами да можат да одлучат што е важно за нив и да препознаат кога им е потребен одмор.
– Веруваме во паметна работа, а не во долга – велат од Netflix.
А дека овој пристап навистина функционира, покажуваат најновите резултати, според кои приходите на „Нетфликс“ пораснале за 34 отсто, а бројот на претплатници за 7 милиони.
Извор: Bizlife.rs
Поврзани артикли