Како во светот, така и кај нас, SUV моделите се се попопуларни и се повеќе ги има на патиштата. Иако самите по себе се наменети за потешки услови за возење, и за нив се потребни адекватни гуми за зимски услови.
Патничките пневматици за спортско-теренските автомобили на прв поглед се многу слични на гумите за стандардните автомобили, но сепак се разликуваат според една многа важна карактеристика – имаат поголем носивост.
Поради повисокото тежиште и поголемата маса на возилото, гумите за SUV моделите се подложни на многу поголеми оптоварувања споредбено со обичните гуми за стандардните автомобили. Затоа и конструкцијата на гумите за SUV моделите е поцврста, има соодветно подготвена смеса и дезен на површината која е во допир со подлогата, односно патот.
И кај стандардните гуми, неопходно е да се прифати советот дека штедењето на сметка на квалитетот никогаш не се исплати, а ова е уште поважно кога се купуваат гуми за овие возила.
Што е она на што треба да се обрне внимание:
– да се изберат гуми со ознака SUV и пиктограм снегулка на планински врв (3PMSF)
– да се избере соодветната димензија, брзинската класа и доволно голема носивост во склад со хомологацијата на возилото
– компромис со квалитетот нема
На SUV возилата, мора да се монтираат само квалитетни гуми, особено во зима. Совет: немојте ни да помислувате на автомобилот да поставувате летни теренски или полу-теренски гуми иако имаат малку груб профил кој на прв поглед се чини дека добро би се вклопил во снег (како што добро лежи на камења, карпи или кал). Кај нив недостасуваат главните карактеристики на зимските гуми, а тоа се помека мешавина за подобро лежење на мраз и ламели во блоковите на површината кои се „врежуваат“ во снегот и на тој начин овозможуваат подобро лежење. Токму затоа, многу возачи на овој тип на возила се непријатно изненадени кога ќе наидат на „набиен“ снег бидејќи прилепувањето со патот не им е ништо поразлично од што го нуди стандардната летна гума.
Затоа, не заборавајте – за зимски услови потребни се доби и квалитетни SUV зимски гуми.