Samsung е се поблиску до претставување на својот смартфон со екран на преклопување, прототип кој е во процес на развој веќе со години.
Јужнокорејската компанија конечно објави тизер со кој го најавува претставувањето на склопливиот смартфон или барем прототип, а тоа ќе се случи на претстојната конференција за програмери. Овој уред ќе биде пресвртница помеѓу сегашноста и иднината, а во најавата се гледаат две линии кои се одвојуваат и креираат стрелка насочена десно.
Претходно, Извршниот директор на Samsung, DJ Koh исто така најави дека споменатиот уред би можел да пристигне оваа година, но досега не видовме никаков хардвер, како ни прототип.
Сето тоа би можело да се промени во ноември, кога ќе биде одржана Конференцијата на Samsung за програмери во Сан Франциско.
The crossroads between the present and the future – Samsung Developer Conference is where you’ll meet the knowledge needed to stay on tech’s cutting edge. #SDC18
Learn more: https://t.co/t66edOWIUi pic.twitter.com/bDZHuZVWee— Samsung Mobile (@SamsungMobile) October 18, 2018