Заедно со трите нови телефони, Huawei на неодамнешниот настан претстави уште еден новитет: нова мемориска картичка која компанијата ја нарече Nano Memory (NM), која ќе ја замени традиционалната microSD картичка кај најавените модели Mate 20 и Mate 20 Pro.
Од Huawei велат дека NM картичките, кои се идентични по големина и облик како Nano SIM картичките, се 45% помали од microSD картичката и доаѓаат со најмалку 256GB меморија и брзина на пренесување на податоци од 90MB во секунда.
Барем засега, NM картичките ќе бидат достапни само за моделите на Huawei, а компанијата не само што ги има единствените телефони кои ги користат ваквите мемориски картички, туку е и единствената која ги произведува.