Роботот со 32 екстремитети е создаден во Јапонија, а пред неколку дена официјално и беше преставен на јавноста. Кога се движи, роботот не ги крева своите екстремитети, за разлика од 2 или 4-метарските роботи.

Развиен од научниците од Универзитетот Токио и Универзитетот Кио, новиот робот се движи како резултат на промените во должината на екстремитетите – секој од нив може да ја зголеми должината за над половина метар, а на тој начин се одбива од површината. Овој метод му овозможува веднаш да го смени и правецот на движење.

Покрај тоа, роботот може да биде подеднакво ефикасен во сите правци. Кога е во состојба на мирување, роботот наликува на сфера и тежи околу 10 килограми.