Во Кина е претставен новиот смартфон Nokia X7 кој ја прошири понудата на брендот, кој заживеа под покровителство на компанијата HMD Global.
Новиот X7 има спецификации кои речиси се идентични на флегшип смартфоните, но е достапен по конкурентска цена. Ќе се појави и надвор од кинескиот пазар како Nokia 7.1 Plus и ќе чини 349 долари во САД.
Уредот доби 6,2-инчен LCD екран со засек (1.080p), процесор Snapdragon 710, 64 и 128 GB interne memorije, 4 или 6 GB RAM, батерија од 3.500 mAh, камери од 12 и 13 мегапиксели на задната страна, а тука е и влезот за слушалки кој станува се поредок. Предната камера има резолуција од 20 мегапиксели.
X7 го користи оперативниот систем Android 8.1, но ќе ги добие и Android One безбедносните надградби. Исто така, може да се очекува и надградба на Android 9 Pie. Смартфонот ќе чини 246 долари.
Поврзани артикли