Една од апликациите кои ги дефинираа 90-ите од аспект на слушање музика, „Winamp“, повторно се враќа кај пошироката јавност.
„Следната година ќе имаме комплетно нова верзија на Winamp, но со поинакво искуство за слушателите. Ќе можете слушате MP3-ки што ги имате дома, но исто така преку ‘клауд-систем’, преку подкасти, ќе може да се стримате радио станици или креирате плејлисти“, најавува Александре Сабуџијан, извршен директор на компанијата „Radionomy“, која во 2014 го купи Winamp.
Корисниците на новиот Winamp ќе можат да слушаат не само датотеки складирани на одреден уред, туку и подкасти, стриминг и содржини од облачни услуги, објави „Radionomy“, компанија која ги поседува правата на плеерот.
Уште повеќе, „Radionomy“ има намера да ја наметне Winamp како единствена платформа за слушање на музика на различни уреди, пишува TechCrunch.
Повеќе од 100 милиони луѓе е месечната публика на Winamp, иако за последен пат плеерот беше ажуриран во 2013 година. Тоа е огромна корисничка база, а „Radionomy“ ќе се обиде да го искористи нејзиниот потенцијал.
За неколку недели, се очекува да излезе првото за последните 5-години ажурирање на Winamp, кое ќе исправи голем број грешки. Големото ажурирање на плеерот ќе се случи во наредната година.