Новиот апдејт на мобилната апликација Google Translate ќе им овозможи на корисниците визуелно преведување на нови 13 јазици.

Од 2015 година, Google Translate е во состојба да препознае и преведе текст напишан на менија, производи во супермаркети и билборди, поточно сето она што објективот на камерата на телефонот може да го прикаже.

Апликацијата започна со можноста да препознае 27 светски јазици пред три години, а во октомври оваа година стигна до бројката од 50 јазици.

До крајот на минатата недела тој број беше зголемен на 63 јазици, а помеѓу 13 дополнителни јазици кои беа додадени на визуелниот репертоар на апликацијата Google Translate се арапски, бенгалски, хинду и панџаби јазикот, кои инаку спаѓаат помеѓу најраспространетите јазици во светот.

Иако нема да ги има истите можности, смартфонот Google Pixel 3 кој пристигнува на почетокот на ноември ќе ја користи апликацијата Google Lens, која на многу сличен начин ги изведува визуелните преводи.

Извор: Klix.ba