Instagram потврди дека корисниците повеќе нема да можат да видат ако некој направил „скриншот“ на нивната објава на „Сторис“.

Претходно оваа година, Instagram предизвика паника меѓу корисниците откако започна на луѓето да им покажува дека некој направил „скриншот“ од нивната објава.

Кога корисниците за првпат се обидувале да направат скриншот на објавите, добивале предупредување: -Следниот пат кога ќе ја снимите приказната, личноста што ја постави ќе може тоа да го види.

Во некои прилики, одредени корисници не ни добивале предупредување.

Но сега компанијата реши да ја промени оваа функција. На многу луѓе ќе им биде мило што сега повеќе не можат да видат кога нивните пријатели направиле „скриншот“ од некои фотографии или видеа.