Наместо класичните такси возила во Дубаи, во одредените делови во градот, на пократки дестинации патниците ќе ги превезуваат автономни такси.
Познато е колку Дубаи инвестира во технологија и дека експриментира со бројните нови и напредни технологии. Само последната година градот претстави роботи кои ќе патролираат по улиците, летачкит такси, односно автономни дронови кои работат на принцип сличен на Uber, дигитални регистарски таблички, еден од моделите на Hyperloop итн.
Уште еден новитет кој официјално беше соопштен на јавноста, а придонесува за епитетот најпаметен град на светот е автономниот такси сервис кој вчера почна со работа и тестирањето ќе трае во текот на наредните три месеци во одредени делови од градот.
Сепак, не треба да се очекува услуга како Waymo, кој во САД има дозвола за целосно автономно возење, туку станува збор за сервис кој ќе ги пренесува патниците на пократки релации, на пример, од станица до трговски центри, кина итн.
Максималната брзина со која ќе се движат возилата е околу 30 км/ч. Со такси возилата целосно ќе управуваат компјутери, но на предното седиште ќе има човек, кој ако нешто се случи, ќе ја исправи грешката. Такси возилата можат се да направат и без човечка помош, и ако тестирањето биде успешно, ова ќе биде првиот чекор кон автономни такси во Дубаи.
Флотата автономни такси возила е составена од преработени модели на Mercedes кои се опремени со камери, сензори и LIDAR системи. Автономните автомобили се напојуваат со електрична енергија и развиваат максимална брзина од 80 км/ч.
Извор: Zimo.hr