Иако во потесниот избор меѓу 14 автомобили биле модели како што се Bugatti Chiron, Ferrari 488 Pista, McLaren 600LT i Porsche 911 GT2 RS, изборот на експертите од Top Gear e Alpine A110.
Споредбениот тест на сите кандидати се одржал на француската историска патека Circuit de Charade, а британскиот магазин во образложението вели дека Alpine A110, кој според нив има „избалансиран карактер“, оставил впечаток на чисто задоволство при возење на тркачка патека.
Top Gear објави и трејлер како најава за емисијата посветена на изборот за најдобар спортски автомобил за 2018, која ќе се емитува подоцна оваа година.
Alpine A110 е првиот нов модел на овој обновен француски бренд (во сопственост на Renault) по неколку децении на хибернација. Автомобилот кој тежи само 1.080 килограми се придвижува со 1.8 литарски бензинец со 252 КС (188 kW) и 320 Nm. Моќта се пренесува на задните тркала преку 7-степен автоматски менувач со двојна спојка.
A110 од место до стотка стигнува за 4,5 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.
Поврзани артикли