Realme претстави два нови паметни часовника, кои дебитираат на пазарот на Индија. Часовниците ги носат ознаките Realme Watch S и Realme Watch S Pro.

Ги краси кружен дизајн и функции како што е следење на отчукувањата на срцето и следењето на спиењето. Pro моделот е повеќе премиум и има вградена GPS функција и батерија која трае до 14 дена. Realme Watch S веќе од порано беше објавен во Пакиста, а нуди батерија која трае до 15 дена со едно полнење.

Realme Watch S има 1.3-инчен (360×360p) кружен дисплеј со осветлување од 600 нита. Pro моделот користи 1.39-инчен (454×454p) кружен AMOLED екран со густина на пиксели од  326ppi и 450 нита осветлување. Стандардниот модел користи 390MAh батерија и има 16 спортски модови, додека Watch S Pro поддржува до 15 спортски режими.

Realme Watch S Pro пристигнува со црна боја на рамките, додека е можен избор на неколку бои за ременот. Часовникот има Always-On дисплеј, 24-часовно надгледување на отчукувањата на срцето и следење на нивото на кислород во крвта. Realme Watch S Pro поддржува вграден dual-GPS, а тука се и другите функции на надгледување на здравјето (следење на бројот на чекори, следење на сонот, потсетување за хидрирање, релаксација преку медитирање и друго).

Претставен е и Realme Watch S Master Edition, што го дизајнираше Grafflex, а пристигнува со специјално дизајнирани ремени и пакување со соодветни стикери.