Пребарувањето на облека онлајн претставува еден вид на терапија, но понекогаш сакате да најдете нешто набрзина без притоа да мора да пројдете илјадници производи. Asos сега воведува нова опција која ќе ви помогне брзо да пронајдете некое парче облека со помош на Google Assistant, а се што треба да направите е да речете “Hey Google, talk to Asos” за да го повикате роботот на Asos наречен Enki, преку смарт звучникот или пак преку асистентот на Android или iOS. Потоа можете да му кажете на Enki, какви производи би сакале да погледнете.
Asos вели дека ќе искористи се од првичното лансирање за да продолжи да ја подобрува оваа опција. Засега можете да ја користите оваа опција со асистентот на вашиот смартфон или звучник. Но сепак, доколку барате нешто конкретно, подобро би било да го користите основниот начин.