Секој од нас барем еднаш се изнервирал поради бавниот интернет. Обично тоа се случува баш тогаш кога интернетот ни е многу потребен, па испратиме важен мејл или едноставно во сред битен разговор на Skype. За овие работи да не се случуваат, ви нудиме пет корисни совети, кои можат да ви ја одржат брзата интернет конекција.

Како да ја проверите брзината на интернет

Ако сакате да проверите колку е брз вашиот интернет, постојат неколку сајтови кои можат да ви помогнат во тоа, а некои од нив се на пример: https://fast.com/ или https://www.speedtest.net/#. Овие веб-страници можат да ви помогнат да проверите колкава е брзината на вашиот интернет, а потоа тоа можете да го споредите со вашиот интернет пакет. На овој начин ќе откриете дали постои проблем во интернет конекцијата или едноставно имаате несоодветен интернет пакет.

Download и upload брзина на интернет

Download брзината се однесува на тоа колку мегабитиподатоци по секунда е потребно од серверот да се преземат податоци во вид на фотографии, видео снимки, текст и останато. Генерално кажано, добра download брзина е онаа која изнесува најмалку 25 Mbps. Имајте на ум дека бројот на уреди кои се поврзани на интернет мрежата можат да влијаат на тоа која е добра download брзина на интернет за вашето домаќинство.

Upload брзината претставува колку мегабити по секунда можете да испратите информација на некој друг уред или сервер кој има интернет конекција. Овој аспект на брзината на интернет ви е неопходен за испраќање мејлови или поставување видеа или фотографии на некоја од социјалните мрежи. Генерално, брзината од 2Mbps претставува доволно брза upload брзина. Меѓутоа, доколку имате некој дома кој често испраќа податоци (мејлови, поставување снимки на YouTube и сл.) би било добро да се распрашате за интернет пакет кој нуди поголема upload брзина.

Во секој случај потребнои е добро да размислите за тоа кој интернет пакет вам најмногу ви одговара. Најдобро е да се посоветувате со луѓето кои се стручни и добро да проучите кои интернет пакети се достапни.

Пет едноставни решенија за зголемување на брзината на интернет врската

  1. Уверете се дека на вашиот компјутер нема злонамерни софтверим (малвер/софтвер). Една од најчестите причини за побавниот интернет и багови се токму овие софтвери.
  2. Проверете дали вашиот компјутер има доволно силна Eternet и/или Wi-Fi картичка која може да поддржи максимална брзина на интернет конекцијата и рутерот.
  3. Испробајте неколку веб браузери, за да проверите кој најбрзо ги вчитува најпосетените сајтови. Едноставното менување на прегледникот може да ја зголеми брзината на вашиот интернет.
  4. Посебно исчистете ја кеш меморијата на вашиот интернет браузер. Злонамерните софтвери кои можат да бидат скриени во кеш меморијата можат да предизвикаат разни проблеми, од благо забавена работа на прегледникот, па до нестабилноста на целиот систем.
  5. Рестартирајте го вашиот рутер и дополнителните модеми, доколку ги имате, еднаш месечно. Исто така, можете да пробате и да го преместите модемот на некое друго место во домот, доколку дома ви е слаб сигналот. На овој начин, исто така, можете да ја подобрите брзината на интернет конекцијата.