Социjалната мрежа Google+ ќе биде ставена вон функција, откако во март беше откриена аномалија што можеби ги изложила на опасност личните податоци на скоро половина милион корисници, соопшти компанијата на својот блог.
Во Google+ автоматски се вклучува секој што има профил на Gmail.
Според Wallstreet Journal, овој пропуст им овозможил на 438 надворешни апликации без дозвола да собират податоци за корисниците, како што се имиња, и-мејл адреси, професија, пол и возраст.
Компанијата истакнува дека нема наводи за злоупотреба на податоци.
Сите оние кои користат Google+ имаат доволно време, до август 2019 година, да ги преземат објавените податоци на социјалната мрежа.
Збогум Google+, многумина нема ни да забележат дека те нема.