Технологијата се менува и напредува многу брзо, а тоа не го ни забележуваме. Пример се роботите кои одржуваат фарма и се многу ефикасни и економични.
Компанијата Iron Ox во Сан Карлос во Калифорнија ја отвори својата прва автоматизирана фарма за растенија и тврди дека нејзиниот хидропонски систем може да оствари 30 проценти поголемо производство во споредба со традиционалните фарми, а при тоа да користи дури 90 проценти помалку вода.
Кога растението ќе порасне, роботот го пренесува до просторот за обработка. Исто така, роботската рака може да го премести малото растение таму каде што има повеќе простор. Со тоа се оптимизира искористеноста на просторот, бидејќи на растението во текот на растот му е потребен поголем простор.
Коосновачот и директор на компанијата Iron Ox, Брендон Александар открива дека сака да направи повеќе мали фарми во близина на градските центри, со цел производите посвежи да пристигнуваат во продавниците.
Роботите имаат можност за машинско учење, а вештачка интелигенција ги открива штетниците и болестите. Исто така, роботите можат да ги отстранат одредените растенија за да не дојде до ширење на проблемот.
Iron Ox го извршува производството со користење на LED светла, но тежнее кон изградба на пластеници со природна светлина, за да се искористи бесплатната сончева енергија. Крајната цел на компанијата е здравите производи да бидат евтини. Засега се одгледува само зечен зеленчук, но производството би можело да се прошири на домати и друг зеленчук.
Извор: Klix.ba