Астрономите вчера објавија дека откриле нова, мистериозна планета на работ на нашиот Сончев систем, која ја нарекоа „Гоблин“. Иако таа е оддалечена од Сонцето цели 7 милијарди километри, сепак крие докази за далечната планета по која астрономите се во потрага со години – Планетата Девет.

облин е идентификувана како транс-Нептунски објект, односно објект кој се наоѓа далеку позади планетата Нептун. Она што ги зачуди научниците не е фактот што Гоблин постои, туку што тие успеаја да ја пронајдат.

Научниците кои го открија овој објект доаѓаат од Универзитетот на Северна Аризона. Тие веруваат дека Гоблин има дијаметар од 300 километри и сметаат дека поради големината таа скоро сигурно има сферичен облик. Таа се наоѓа на самиот крај на познатиот дел од Сончевиот систем и е 2,5 пати подалеку од Сонцето во споредба со Плутон.

Она што е специфично за оваа планета е огромната орбита. На Гоблин ѝ се потребни 40.000 години за да направи една ротација околу Сонцето. Тоа значи дека таа не доаѓа доволно блиску до останатите планети од нашиот Сончев систем за да предизвика гравитационо влијание на џиновските планети како Нептун или Јупитер.

Откритието се случи сосем случајно, додека астронаутите ја проучуваа вселената со цел да ја пронајдат мистериозната Планета Девет. Според нив, таа се наоѓа некаде зад Гоблин и иако засега не можат да ја лоцираат, скоро сигурни се дека постои, на што укажуваат и движењата на Гоблин.