Првиот човек на компанијата Xiaomi, Лин Бин, отворено зборуваше за новите карактеристики на Pro верзијата на најновиот модел на компанијата, Mi 8. Овој модел се појави со подобрена верзија на предводникот Mi 8, кој доби скенер на отпечатоци од прст вграден во екранот. Оваа технологија е подобрена во споредба со онаа што се користеше за претходниот модел на Xiaomi.
Скенерот на отпечатоци, интегриран со дисплејот на Mi 8 Pro е 29% побрз и 8,8% попрецизен од оној на Mi8. Ова е постигнато благодарение на подобрувањата на софтверот или поради понапредните компоненти за кои јавно се уште не се зборува.
Втората важна технологија која е применета при создавањето на Mi 8 Pro беше напредниот систем за ладење. Xiomi користеле посебен материјал способен да ја менува својата состојба од цврста во течна и назад. Истиот систем се користи во создавањето на полимери за создавање системи за ладење за вселенски возила.
Xiaomi тврди дека новата технологија за ладење ја намалува температурата на Mi 8 Pro за 3°C со иста потрошувачка на енергија. Дури и таквата навидум мала промена има значително влијание врз перформансите на батеријата.