Еден од најпознатите патнички авиони на сите времиња и првиот супер голем патнички авион на светот, американскиот „Боинг 747 Џамбо Џет“ слави 50 години постоење и успех во превозот на патниците ширум светот.
Новоотворената фабрика „Еверет“ во близина на Сиетл била избрана како местото на кое што на 30-ти септември 1966-та година пред јавноста и официјално ќе биде претставен најновиот авион на „Боинг“ – најголемиот „747 Џамбо Џет“.
Станува збор за авион кој во буквална смисла на зборот направи револуција во воздушниот сообраќај и ја започна ерата на производството на големите патнички авиони.
Популарниот „Џамбо Џет“ беше дизајниран за да може да лета на долги релации и да пренесе двојно повеќе патници, од на пример, дотогаш најдобриот „Боинг 707“. Новиот „Џамбо Џет“ можел во воздух да полета со максимално 333 тони товар, а за да се крене во воздух биле задолжени моќните мотори со сила на потисок од 16,8 тони.
Сепак, тоа што се сметало за негова најголема предност во однос на останатите патнички авиони, е тоа што бил многу поголем од авионите на конкуренцијата – должината од 63,6 метри и распон на крила од 59 метри. Опашката на авионот е висока колку шесткатница, па на почетоците овој авион имал и проблеми со наоѓањето на соодветна инфраструктура за паркинг.
Авиокомпаниите веднаш застанале во ред за да го набават својот џиновски „Џамбо Џет“ кој што имал долет од неверојатни 8560 километри.
Успехот на „Џамбо Џет“ авионот бил огромно олеснување за „Боинг“, затоа што американската компанија тогаш имала долгови од повеќе од една милијарда долари, најмногу поради проектот за развој на тој авион. За спроведување на проектот за развој на „Џамбо Џет“, од „Боинг“ побарале средства од дури седум различни банки.
Сепак, ризикот и тоа како се исплател – култниот „Џамбо Џет“ е активен и ден денес, постои и верзија „747-8“ и неговото време се чини дека се уште не е поминато.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли