Компанијата Blue Origin, во сопственост на милијардерот Џеф Безос, го одложи првото лансирање на орбиталната ракета New Glenn.

Лансирањето е одложени за четвртиот квартал на 2022 година, се наведува во официјалното соопштение.

Ракетата New Glenn по претходното одложување требаше да биде лансирана кон крајот на оваа година, но тоа нема да се случи. Главна причина за одложувањето е тоа што Американските вселенски сили не одлучија да ја користат оваа ракета за лансирање на товар поврзан со националната безбедност.

Blue Origin го промени распоредот за да се адаптира на комерцијалните клиенти. Ќе продолжи со развојот на ракетата која ќе биде лансирана од Флорида. Компанијата инвестираше повеќе од 2,5 милијарди долари во инфраструктурата потребна за идните лансирања.

Извор: Klix.ba