Џејмс Елисон и Тасаку Хонџо освоија Нобелова награда за медицина во 2018. година за откритие кое доведе до напредок во лечење на ракот, соопштија од Нобеловиот комитет на шведскиот институт Каролиска.

Нобеловата награда за физиологија и медицина оваа година ја добија Џејмс Алисон од Универзитетот во Тексас и Тасуку Хонџо од Јапонскиот универзитет во Кјото за нивните откритија во терапијата против рак.

,,Алисон и Хонџо покажаа колку различни стратегии за спречување на недостатоците на имуниот систем можат да бидат употребени во третманот на ракот.”-посочи Нобеловото Собрание на шведскиот институт Каролинска во соопштението за доделувањето на наградата.

Наградата за физиологија и медицина е првата Нобелова награда која се доделува секоја година.

Наградите за физика, хемија и мир исто така ќе бидат прогласени оваа недела. Наградата за литература оваа година нема да биде доделена поради скандал со сексуална злоупотреба во телото кое што ја доделува наградата. Нобеловата меморијална награда за економски науки ќе биде прогласена во понеделник на 8-ми октомври.

Дел од наградата се и 1.1 милион долари.