Белгиското Министерство за одбрана, повикувајќи се на националната безбедност, ќе го тужи Google, бидејќи не ги замаглија сателитските снимки од воените локации во оваа земја.
Оваа информација за белгиските медиуми ја потврди портпаролот на тамошното министерство.
Белгиската влада и Министерството за одбраната побараа од Google, на нивните програми Google Maps и Google Earth, да ги замаглат локациите од главниот штаб на НАТО во Брисел, аеродромот Клеине-Брогел и нуклеарните централи Доел и Тиханге.
Тие пренесуваат дека ова барање до Google било поднесено уште пред две години, меѓутоа и понатаму не е исполнето.
Од Белгија ова го сметаат за издавање на воена тајна, па поради тоа Google ќе заврши на суд.
Извор: B92.net