Аналитичарот на Apple, Ming-Chi Kuo од TF International Securities пружи увид во продажбата на новите производи на Apple. Во извештајот се наоѓаат податоци за продажбата на iPhone XS, iPhone XS Max и часовниците на Apple. Во овој извештај стои дека побарувачката за iPhone XS Max е поголема од очекуваното, а околу три-четири пати поголема од побарувачката за iPhone XS.

“Утврдивме дека побарувачката за XS Max е поголема за три до четири пати од онаа за моделот XS. Златната и сивата боја се значително попопуларни од сребрената, додека најпродаван е моделот со 256 GB”, истакна Kuo.

Тој исто така посочи дека побарувачката за новите часовници на Apple е подобра од очекуваното.

“Продажбата на часовниците на Apple е многу подобра отколку што се очекуваше. Капацитетот на производителот Quanta е веќе исполнет, така што не можеме да очекуваме испорака на новите часовници до ноември 2018. година”, рече аналитичарот.
Додаде и дека најпродаван смартфон ќе биде поевтиниот iPhone XR, кој ќе им стане достапен на корисниците на 26. октомври