Nokia има силно присуство на мобилниот конгрес во Барселона, каде што официјално ја претстави новата генерација смартфони со Android, која вклучува пет различни модели.

Компанијата, исто така, веќе ги увери потрошувачите дека на сите нивни уреди ќе ги добиваат максимално брзо идните софтверски ажурирања на Google, бидејќи работат со речиси фабричката верзија на платформата.

Оваа функција не само што ќе им ја олесни работата на корисниците, туку исто така ќе и донесе значителна предност за „Нокиа“ во конкуренција со другите водечки производители.

HMD Global, кој ги има правата за брендот Nokia, уверuva дека сите идни смартфони ќе бидат промовирани како Android One уреди, што ќе осигура дека ќе се добиваат најбрзо надградбите на Google и ќе бидат максимално сигурни.

Софтверската поддршка за нив ќе биде најмалку година и пол, информира SlashGear.

Android One e наследник на Google Play Edition иницијативата поврзана со смартфоните Nexus и обезбедува „најчисто“ Android доживување.

Тоа ја елиминира можноста за додавање на интерфејси од производителите и задржување на фабрички дизајн на платформата, која обезбедува оптимална брзина и е гаранција за брзи ажурирања.

Ова дефинитивно ќе биде скриеното оружје на Nokia во мобилната индустрија. Три од уредите на СМК се базираат на Android One и соодветно ќе работат со Android One Oreo.

Во исто време, нивниот четврт нов модел е првиот Nokia уред базиран на Android Go. Сите нови паметни телефони на компанијата ќе користат Android One.