Ако сте тип на корисник кој одеднаш држи десетина отворени табови, оваа нова функција би можела да ви заштеди многу време и маки.

Како што вели и самото име, групите табови ви овозможуваат да ги собирате поврзаните табови во еден пригладен кластер. Веќе некое време е можно да тестира групата на табови со активирање на експерименталниот Chrome Flag, но засега, како што известува 9to5Google, функцијата се поместува од фазата на тестирање и станува стандардно достапна во редовната функција на браузерот.

За да ја испробате групата на табови, најпрвин уверете се дека ја имате најновата верзија на Chrome (верзија 85.0.4183.102). Ова би требало автоматски да се инсталира следниот пат кога повторно ќе го стартувате прегледникот, но можете да го преземете и рачно со клик на мени копчето во горниот десен агол, со поместување надолу на Help и со избирање About Help. Браузерот ќе провери дали постојат нови верзии и ако новата функција е достапна, ќе имате можност да ја инсталирате.

Кога ќе ја инсталирате новата верзија, кликнете со десното копче на маусот на табот и би требало да ја видите опцијата „Add tab to new group“. На овој начин можете да креирате онолку групи колку што сакате, а потоа со десното копче на глувчето кликнете идругите табови и изберете ја групата во која ќе ги додадете.

Групите табови е можно да се преименуваат со десен клик на точката што се наоѓа покрај нив, а можете да ја промените и бојата на точката за да ја олесните идентификацијата на секоја група.