Компанијата LG во Јужна Кореја официјално го најави својот нов смартфон кој има вкупно пет камери.
Се работи за моделот V40 ThinQ со 6,4-инчен екран, кој однапред има две, а одзади три камери. Одзади се наоѓа и сензорот за отпечатоци од прсти, а уредот ќе биде достапен во црвена, сина и сива боја. Предната страна на уредот не е покажана, но претходно објавените информации открија дека има екран од раб до раб.
V40 е многу сличен на претходниот модел V30 и дели неколку дизајнерски карактеристики со минатогодишниот модел G7. Гласините говорат дека има Snapdragon 845 процесор, QAD DAC и специјално копче за активирање на Google Assistant.
Смартфонот ќе биде официјално претставен на 3. октомври.