Следната година ќе бидат обележани 50 години откако луѓето прв пат слетаа на Месечината, а по тој повод NASA ги откри плановите за враќање на земјиниот сателит, објави Mirror.

Како што најавија од Американската вселенска агенција, враќањето на месечината е планирано за 2023. година.

„Иако Американците прв пат зачекорија на Месечината пред повеќе од 50 години, нашите истражувачи оставија отпечатоци на само шест места. Следниот пат истражувањето на Месечината ќе биде целосно поинакво”, изјави портпаролот на NASA.

NASA се надева дека во оваа прилика ќе ја воспостави и лунарната станица наречена The Gateway и тоа до 2020. година. Gateway ќе се користи за тестирање на нови технологии.

Покрај плановите за Месечината, NASA откри и планови за истражување на Марс кои се планирани за јули 2020. година, каде ќе се истражуваат знаците на живот на оваа планета.