Oculus Quest е новиот предлог на компанијата во сегментот на очилата со виртуелна реалност, кои можат да работат самостојно, без потреба од дополнителен смартфон. Уредот се очекува да почне со прoдажба од пролетта 2019 година, а цената ќе изнесува 399 долари.

Новиот модел беше претставен лично од Марк Цукерберг, кој истакна дека Oculus Quest става крај на првата генерација атрактивни уреди со VR и го означува почетокот на следната генерација производи на Oculus.

Кодното име на очилата досега гласеше Project Santa Cruz. Eдно од подобрувањата е поврзано со интеграцијата на новите Touch контролори, кои имаат исти копчиња и сензори, но веќе ја користат технологијата Oculus Insight, пренесе Pocket-Lint. Оваа иновација се грижи за прецизно следење на движењето на рацете и нозете на корисниците, како и нивната позиција во просторот во споредба со другите објекти. Oculus Quest има четири вградени камери.

Според податоците, екранот има резолуција од 1600×1440 пиксели во секое око, што е друга предност на новиот модел. Цукерберг вети дека очилата ќе имаат повеќе од 50 наслови оптимизирани за уредот. Покрај тоа, ќе дознаеме повеќе за другите технички спецификации и премиерата на Oculus Quest во Европа. Се чини дека компанијата сака да продолжи да биде доминантен фактор во овој сегмент.