Кинескиот онлајн гигант Alibaba наскоро ќе лансира свој смарт асистент со кој ќе му се спротистави
на конкурентот Amazon на глобално ниво.

Слично како звучникот Echo кој работи со Alexa исто така и Alibaba планира да претстави свој
смарт асистент со гласовни команди кој ќе им олесни на корисниците во онлајн шопингот и ќе им
доставува различен вид на корисни информации.

Се очекува цената на смарт асистентот на Alibaba да има доста ниска цена која не би требало да
надмине повеќе од 150 долари, па повеќе детали очекуваме наскоро.

Со звучникот на Alibaba со гласовни команди ќе може да се купуваат производи од продавниците
на Alibaba како Taobao и Tmall.