Отровна двоглава змија е пронајдена во Вирџинија минатата седмица, експерт за диви животни го нарекува ова откритие исклучително ретко.

Бебето на источната отровна змија е пронајдено во еден двор во северна Вирџинија, а фотографиите и видеото од нејзиното извивање се објавени на Facebook, пишува Global News.

“Двоглавите змии се многу ретки, најмногу поради тоа што не можат долго да живеат”, истакна херпетологот од Вирџинија, Џ. Келопфер.

Змиите родени со мутација како оваа тешко преживуваат во дивината, вели Клеопфер, додавајќи дека причината е тоа што двете глави често сакаат да прават две различни работи.

Откако е пронајден рептилот, државниот херпетолог го премести во центарот за дижи животни во Вирџинија, каде што експертите спроведоа испитување.

Вработените во центарот истакнаа дека по прегледот било востановено дека змијата има два душника, но едно срце и бели дробови. Државните биолози веруваат дека двете глави можат да го дистрибуираат отровот од забите.

“Врз основа на анатомијата, би било подобро да јаде првата глава, но тоа е предизвик, бидејќи можат да се прават доминантни една кон друга”, гласи заклучокот на експертот.