Компании од воената индустрија на Обединетите Арапски Емирати и Израел денеска во Дубаи потпишаа стратешки договор за заедничко производство на бродови без екипаж, способни за противподморнички дејства.

Воениот конгломерат EDGE од Емиратите и израелскиот IAI објавија партнерство на последниот ден од саемот за авијација во Дубаи.

Во заедничката изјава, компаниите нагласуваат дека ќе изградат напреден модуларен брод што може да се користи за воени и комерцијални цели. Договорот беше постигнат откако ОАЕ и Израел воспоставија дипломатски односи минатата година, во согласност со договорот кој исто така ќе им овозможи на САД да продаваат борбени авиони Ф-35 на Абу Даби.