Авио-линијата од Аруба до Пунтo Фихо во Венецуела трае само 15 минути и претставува еден од најкратните летови во светот.
Овoj лет се организира два пати неделно, а го иницираше „Аруба ерлајнс“ во соработка со венецуелската влада. Цената на картата изнесува 215 долари.
Верувале или не, сепак постојат и пократки летови од овој. Само десет минути трае летот меѓу островите Сент Мартин до Ангвила, во организација на „Ангвила ер сервис“. Оваа линија е истовремено и најкраткиот комерцијален лет во светот. Од друга страна, само пет минути трае летот од Сент Мартин до Сент Барт.
Исто така, постои и лет кој трае само една минута, а ако временските услови се добри, дури и 53 секунди. Во прашање е воздушна рута меѓу шкотските острови Вестрај и Папa Вестрај, каде патниците главно се полицајци, професори, банкари и деца што одат во училиште, додека туристи се превезуваат само по потреба.
И во Индонезија има слични летови. Постои лет меѓу селата Кегату и Апово, кои ги разделуваат само два километра. Сепак, авионската линија е потребна затоа што селата ги дели длабока шумска долина, а исто така во прашање е многу изолиран дел од Индонезија, кој го опкружуваат планини.