Една од новините во претставените нови модели iPhone е опцијата да се купи уред со 512 GB меморија за апликации. Ова е двојно зголемување над сегашниот максимум од 256 GB.
Истражување на Bloomberg покажало дека Apple ги користи новите можности, за да извлече уште поголем профит од своите клиенти.
Според Вејн Лам од IHS Markit тоа е и најлесниот метод за зголемување на приходите, бидејќи додавањето на повеќе меморија е исклучително лесно и не бара редизајн на самиот телефон.
Според него Apple плаќа за мемориите по 25 центи на гигабајт, но им наплаќа на корисниците 78 центи. Така, моделот од 512GB чини 350 долари повеќе од 64GB. Од нив, 134 долари е дополнителен профит за Купертино.
Работите стануваат уште поинтересни, ако се имаат предвид податоците на агенцијата InSpectrum Tech, кои покажуваат дека цените на флеш мемориите паднале двојно во изминатата година, но тоа во никој случај не доведе до поевтинување на уредите на Apple.