Од своето лансирање, моделот 3008 покрај бројните пофалби, доби и доста критики што ни опционално не поседува погон на сите тркала. Токму затоа во Peugeot одлучија да се справат со овој проблем. Поставката ќе биде достапна исклучиво за моделот предводник 3008 GT, а станува збор за HYbrid4 модел кој комбинира 1.6-литарски бензински PureTech со електричен мотор поставен на предната оска и друг на задната оска.

Моторот со внатрешно согорување испорачува 200 КС, додека секој од електромоторита по 110 „коњи“. Со излезна моќност од 300 КС, Peugeot 3008 GT HYBRID4 до стотка стигнува за само 6,5 секунди, а благодарение на батеријата од 13,2 kWh, покрива 60 километри на чисто електричен погон (по WLTP циклусот).

Во однос на редовниот HYBRID систем, тој е достапен како за кросоверот 3008, така и за новиот 508 лифтбек / седан и караван. Конфигурацијата доаѓа со 180 коњски сили, а ја прави мотор со внатрешно согорување во комбинација со еден електромотор од 110 КС, за вкупна излезна моќност од 225 „коњи“. Овие модели на погон напред, имаат малку помала батерија (11.8 kWh), која обезбедува електрична автономија од 40 километри. Со стандарден полнач (3,3 kW, 8A), за полнење на батеријата потребно е седум часа, како и четири часа со полнач на батерии од 3,3 kW и 14 A. За оние на кои им се брза, тука е опционалниот Wallbox со полначот на батеријата од 6,6 kW и 32 A, кој времето на полнење го спушта до еден час и 45 минути.

Иако свежо презентирани, електрифицираните Peugeot модели во продажба нема да се појават пред вториот квартал од следната година.