Само пет месеци по поставувањето во земјината орбита, телескопот на NASA – ТЕСС – кој е во потрага по нови светови вон нашиот Сончев Систем, откри две оддалечени планети. Ова е првото откритие на сателитот, соопштуваат официјални лица.
Планетите класифицирани како „супер Земја˝ и „жешка Земја“, се наоѓаат најмалку 49 светлосни години од нас. Д-р Сара Сигер смета дека вселенските тела се премногу топли за на нив да има живот, но исто така додава дека се очекуваат уште повеќе занимливи сознанија.
– Мора да почекаме да видиме што уште ТЕСС ќе открие. Знаеме дека планети има, и дека се „расфрлани по небото“ и само чекаат да ги пронајдеме, изјави Сииер.
Мисијата ќе трае две години и ќе чини 337 милиони долари. Сателитот досега идентификуваше и 73 ѕвезди околу коишто можеби кружат планети што би можеле да одржуваат живот.